ЕК е решена преговорите со Македонија да започнат до крајот на годинава, но не може да го гарантира тоа

Од:

Заменик-генералниот директор во Европската Комисија задолжен за проширување и соседска политика, Мачеј Поповски, истакна дека неговата институција прави сѐ за да се обезбеди одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија до крајот на оваа година.

Поканет на панел дискусија на Центарот за европски политики во Брисел, Поповски изјави дека вчера на амбасадорско ниво во Советот се одржала повеќечасовна дебата на тема проширување, и блокадата од страна на Бугарија за усвојувањето на преговарачката рамка, без која не може да се одржи првата меѓувладина конференција.

Запрашан дали може да гарантира дека несогласувањата ќе се надминат до крајот на оваа година, Поповски рече дека може само да порача дека Европската Комисија и германското претседателство се “решени“ тоа да се случи.

-Ова е процес кој е во тек, уверен сум дека ќе имаме договор за меѓувладините конференции, ние сме решени да го постигнеме тоа, и германското претседателство исто така. Има разлики во позициите, ние го препознаваме прогресот на Албанија и на Северна Македонија, судските реформи во Албанија, добрососедските односи во Северна Македонија и уставните промени, навистина е сето тоа импресивно, изјави Поповски.

Заменик директорот побара да “се остави уште малку време“ за преговори помеѓу сите инволвирани страни.

-Решени сме да успееме, дајте ни уште малку време, држете ни среќа, ние многу сериозно ги сфаќаме билатералните спорови, тука сме да помогнеме и да охрабриме изнаоѓање на решение, додаде тој.

Професорот по југоисточни студии, Флориан Бибер, кој исто така учествуваше на панелот, предупреди дека најавите за нова блокада за Северна Македонија е нешто што ЕУ треба да го сфати сериозно.

-Ако има блокада од земја-членка за Северна Македонија, ова ќе биде силен удар за процесот на ЕУ интеграција, видовме и од самата проценка на Европската Комисија дека Северна Македонија е земјата што оствари најголем напредок во последнава година, но и во претходните, и плати висока цена за унапредување на билатералните односи, рече Бибер.

Тој нагласи дека заканата за вето треба во ЕУ да се сфати како европско прашање.

-Земјите членки на ЕУ можат да сторат нешто и треба ова да биде сфатено сериозно. Ако германското претседателство не успее да ги придвижи работите, не знам кое претседателство би имало тежина да го направи тоа, заклучи Флориан Бибер.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко

Горан Наумовски

Вархељи за пакетот за проширување: ЕУ го задржа и зајакна моментумот на проширување во текот на 2024 година

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Европската Комисија: Стратегиската насока на Србија е под знак прашалник

Горан Наумовски

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

Горан Наумовски