МЗТ поведе со 1-0 во финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја забележа првата победа во пресметката за шампионската титула со Кожув од Гевгелија.

Бранителот на титулата вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ славеше со 73:57. По четвртини: 16:22; 18:12; 23:11 и 16:12.

Гевгеличани имаа сила само за една четвртина да му пружат отпор на фаворизираниот противник. Триото Ноа Далман со 18 поени, Дамјан Стојановски со 16 и Кејд Дејвис со 15 поени беа најзаслужните за победата на „аеродромци“

Во поразениот тим само Димитар Караџовски имаше двоцифрен број поени – 11.

За освојување на шампионскиот пехар се потребни четири победи, а следниот натпревар ќе се одигра во Гевгелија на теренот на Кожув.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он