Жоржињо: За мене ќе биде чест да играм со Чех, претходно ова можев да го направам само на плејстејшен

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо ги сподели своите ставови во врска со вклучувањето во лондонскиот состав на 38-годишниот голман Петр Чех, кој се пензионираше во 2019 година.

– Мислам дека фактот дека Чех сега е со нас може многу да му помогне на тимот. Петр е легенда, тој е многу искусен, ќе помогне во соблекувалната и ќе може достоинствено да игра ако е потребно. За мене би било чест да излезам на теренот со него. Претходно, ова беше можно само на плејстејшен – го цитира „Мирор“ Жоржињо.

Петр Чех се врати во составот на Челзи како четврти голман. Тој ќе биде на голот на „сините“ доколку ниту еден од Кепа Аризабалага, Едуар Менди и Вили Кабаљеро, не биде во состојба да настапи.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска