Германскиот министер за здравство е позитивен на коронавирусот

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (40) е позитивен на новиот коронавирус, потврди денеска Министерството. Како што се наведува, Шпан е во карантин откако дознал дека е позитивен, јави ДПА.

Шпан бил тестиран за вирусот, бидејќи имал симптоми слични на настинка неколку дена, а сите лица кои имале контакт со него се информирани дека е болен.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан, кај кој попладнево беше потврден новиот коронавирус, учествуваше на седница на германската Влада утрово, но засега другите министри не треба да бидат ставени во карантин, изјави портпаролот на Владата.

Според него, правилата за физичко растојание и хигиена се строго пропишани во владата.

Според порталот Фокус онлајн, ниту германската канцеларка Ангела Меркел нема да биде ставена во карантин.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија