Димитров: Да го искористиме пристапниот процес за европскиот начин на живот, просперитет, правила и принципи, да си ги донесеме дома

Од:

На денешната онлајн промоција на проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“ во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија, учествуваа амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, германската амбасадорка Анке Холштајн, а воведно обраќање имаше заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

„Нашата суштинска цел е да го искористиме пристапниот процес за европскиот начин на живот, просперитет, правила и принципи, да си ги донесеме дома. Во март добивме безусловно зелено светло да ги започнеме преговорите. Важно е оваа година да ја заокружиме со заеднички историски успех – прва меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија“, кажа Димитров.​

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он