Откриен тунел од Појасот Газа кон Израел

Од:

Израелската армија соопшти дека милитантите во Појасот Газа ископале тунел длабок неколку десетици метри, кој минувал под безбедносната ограда околу таа палестинска територија, кој бил откриен со помош на подземни сензори.

Неколку часа откако беше објавено, израелските сили за противракетна одбрана пресретнаа ракета истрелана од Газа, соопшти армијата.

Исто така беше соопштено дека борбени авиони и хеликоптери за нападот „ја погодиле подземната инфраструктура“ на милитантната група Хамас.

За сега нема извештаи за жртви во ниту еден од нападите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел