Филипче: Заштитните мерки кои се во Собранието мора итно да се усвојат

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19, кои се во собраниска процедура, мора итно да се донесат.

„Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави“, потенцира Филипче.

Министерот вели дека нема повеќе време за одлагање, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

„Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочува Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски