По белоруските и украински тур-оператори изминатите неколку дена престојуваа во посета на земјава. За време на информативното патување, 15-тина тур оператори од Украина посетија неколку зимски центри и се информираа за можностите за зимски туризам кои ги нудат.
Нивната посета се заокружи со синоќешната презентација во Маврово на потенцијалите на туризмот во земјава што ја изврши директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.
Во презентацијата на можностите за развој на зимскиот туризам пред тур операторите од Украина, Јаневски ги истакна предностите на зимскиот туризам, со посебен акцент на слободното скијање и сноубординг, за кои,како што кажа, аранжмани од 5 до 7 дена во зимските центри како Маврово и Шапка се идеални.
-По тур операторите од Белорусија, во посета ни се тур оператори од Украина со цел да ја финишираат нивната идеа за носење на туристи во РС Македонија веќе од декември. За огромен успех го сметам отворањето на новата директна линија со која ќе се поврзат Киев и Скопје со два лета во теков на неделата од која очекувам зголемување на бројот на украински туристи во земјава. Ова е турболентно време во кое ние успеваме да отвориме нов пазар, а тоа за мене претставува огромен успех, изјави Јаневски.