Предвидувањата на ММФ загрижувачки за албанскиот претседател

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по прогнозата на ММФ за албанската економија, предвидувајќи пад, висок процент на јавниот долг, а приходот по глава на жител ќе достигне 4.898 долари, наспроти 5.323 во 2019 година.

Мета на Фејсбук напиша дека овие прогнози на ММФ се крајно загрижувачки, додавајќи дека сиромаштијата ќе биде придружена со зголемување на товарот на долгот што треба да го плаќаат граѓаните.

– Прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд во октомври е крајно загрижувачка. За Албанија се предвидува највисок економски пад во регионот. Како резултат на тоа и падот на приходот по глава на жител е меѓу највисоките. Албанските граѓани не само што ќе станат посиромашни, туку ќе имаат и поголем товар на долг за да го плаќаат, наведува Мета.

Тој прави преглед на приходот по глава на жител во дел од земјите од регионот, во Црна Гора 7.933 долари, во Србија 7.497, во Северна Македонија 6.019, наспроти Албанија каде годинава се предвидува 4.898 долари по глава на жител што е за 425 долари помалку во споредба со минатата година.

– Според предвидувањата на ММФ нивото на јавниот долг на крајот од годинава (не сметајќи ги бројните обврски на Владата) ќе достигне околу 83,3 отсто од бруто домашниот производ. Приходите по глава на жител во 2020 година ќе се намалат на околу 425 долари во споредба со 2019 година, јавниот долг по глава на жител ќе се зголеми на 373 долари во споредба со 2019 година. Јавниот долг по глава на жител ќе порасне на 4.079, наспроти 3.606 долари минатата годна, наведува Мета.

Оценува дека овие податоци јасно покажуваат дека зголемувањето на јавниот долг не носи економски раст и раст на приходот по глава на жител, туку ја продлабочува невработеноста и сиромаштијата во земјата.

Наспроти ММФ, домашни економски експерти предвидуваат дека јавниот долг можно е да достигне 100 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст