Трамп го нарекол Фаучи „катастрофа“ на состанок со својот изборен тим

Од:

За време на конференциски разговор со изборниот тим, американскиот претседател Доналд Трамп упатил остри критики за експертот за заразни болести Ентони Фаучи, велејќи дека тој е „катастрофа“ и дека „луѓето се уморни од Ковид-19“, пишуваат американски медиуми кои се повикуваат на изјави на новинари кои го слушале разговорот.

„Луѓето се уморни од коронавирусот“, рекол претседателот, според новинарите кои го слушнале разговорот. „Луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите тие идиоти“, продолжил Трамп.

Претседателот додал дека Фаучи, кој го раководи Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година, е „пријатен човек“, но дека тој е „тука 500 години“.

Шефот на државата исто така рекол, без да понуди докази, дека ќе имало 800.000 смртни случаи од коронавирус во САД, ако тој ги следел советите на Фаучи.

„Фаучи е катастрофа“, нагласил Трамп.

Во интервју за американска телевизија, експертот за инфективни болести коментира дека „воопшто не бил изненаден“ што Трамп се заразил со коронавирус затоа што организирал масовни настани со минимални мерки за социјално растојание и носење маски неколку дена пред да се разболи.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Американците повеќе му веруваат на експертот отколку на претседателот. Една студија од Њујорк Тајмс / Сиена колеџ во јуни покажа дека 67 проценти од Американците имаат доверба во Фаучи како извор на информации за пандемијата. Само 26 отсто го велат истото за Трамп.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он