Сореца: За првата меѓувладина конференција битни правосудните реформи

Од:

Се надевам дека Албанија ќе го направи последниот сегмент со цел комисијата да донесе одлука за меѓувладината конференција можеби на крајот на оваа година, изјави евроамбасадорот, Луиџи Сореца при денешнот престој во северниот албански град Кукс.

Коментирајќи ги политичките случувања во Албанија, Сореца изрази жалење за непостигнувањето консензус за изборните реформи.

– Албанија и ЕУ разговараат со години. Одлуката донесена во март за преговорите беше донесена во тешко време. Многу услови се исполнети и Албанија е многу близу до исполнување на сите нив. Ја поздравив одлуката на шефот на државата и Парламентот за пополнување на двете празни места во Уставниот суд,додал Сореца.

Порачува дека Високиот судски совет мора да направи проценка за кандидатите зашто формирањето на Уставниот суд е услов што мора да биде исполнет во следните недели за судбината на првата меѓувладина конференција.

Оценува дека договорот за изборната реформа од 5 јуни е важен чекор и нагласува дека се надева Албанија да го направи последниот сегмент со цел комисијата да донесе одлука за меѓувладината конференција веројатно на крајот на оваа година.

– Го знаете ставот на ЕУ во однос на изборните реформи. Ние работевме на договорот и беше исполнет условот за изборната администрација. Изразивме жалење што мнозинството продолжува да работи без консензус и важно е да се најде консензус меѓу страните. Тие мора да работат напорно за изборите да бидат слободни и фер, заклучи Сореца.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски