(ВИДЕО) Калеска -Ванчева: Со четвртиот пакет мерки 5.726 самохрани родители добиваат платежни картички

Од:

„Владата предводена од СДСМ континуирано им помага на граѓаните и стопанството да се справат со негативните последици од коронакризата.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка.

283.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 27,6 милиони евра“, рече Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза.

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Овој сет економски мерки има за цел да им помогне на што повеќе граѓани и на што повеќе домашни компании во надминувањето на негативните економски последици.

Затоа е важно сите пратеници да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година, ребалансот да биде усвоен и 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

СДСМ како одговорна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со вистинска грижа за сите. Работиме уште повеќе посветено за интересите на граѓаните, за да биде уште подобро за сите“, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир