Во Музејот на општина Свети Николе поставена е изложбата „Билазора 2008-2012“, кој ги претставува археолошките предмети за постоењето на најголемиот пеонски град Билазора на локалитетот Градиште, што се наоѓа во близина на светиниколското село Кнежие.
Универзитетскиот професор Драги Митревски вели дека за овој локалитет се знаело уште пред 30 години, но археолошките ископувања почначе пред пет години и тоа благодарение на Фондација за археолошки испитувања и истражувања од Тексас, САД.
– Кога во Пела не била престолнината, ова било град и еден од центрите на раната антика за целиот овој балкански простор, рече Митревски.
Според археолозите доколку овие предмети беа пронајдени на некои други локалитети можеби и немало да имаат некоја археолошка вредност, но бидејќи се ископани во контекст, носат одредена порака и информации за минатото, со што Билазора не само што е лоцирана, туку и ја раскажува својата улога за античкиот свет.
Според професорот Аристотел Тентов изложбата на предмети од истражувањата на Билазора значи многу за светската историја, заради тоа што древните Македонци едноставно се избришани од светската историја, а ова покажува дека не можат да избришат и дека мора да ги земат во предвид.