ВИДЕО: Во Белград, застрелан Александар Шарац, член на криминалната група „Пинк Пантер“

Од:

Денеска околу 16 часот, во подземната гаража на Трговскиот центар „Ушче“ во Белград, застрелан е Александар Шарац, член на криминалната група „Пинк Пантер“.

Како што известуваат српските медиуми, 35-годишниот Шарац итно бил пренесен на одделението за реанимација во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите. Тој беше погоден со два куршума во задниот дел од главата.

Напаѓачот имал црвена јакна, капа и хируршка маска, пренесуваат српските медиуми.

Шарац е, инаку, од претходно познат на полицијата и има дебело криминално досие, а едно од најголемите кривични дела што го сторил се случи во септември 2016 година, кога тој и неговиот тим ограбија златарница во Милано.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија