Истражување на Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 ги погоди граѓаните со ниски доходи

Од:

Кризата предизвикана од КОВИД-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство покажала анализата на истражување спроведено од FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики – Скопје.

Анализата покажала и дека поради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на Ковид кризата.

-Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5.5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден, се вели во соопштението од Институтот.

Во него се додава дека една од Владините мерки насочени кон зачувување на животниот стандард на најранливото население била олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, што според истражувањето на Институтот, има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1.9 долари (44 денари) на ден. До јули годинава, потенцијалот е искористен само 65 отсто, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија.

-За таа цел, потребен е понатамошен напор од Владата за соодветно информирање на населението за новите критериуми за стекнување право на оваа помош. Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението, препорачуваат од FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики – Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Finance Think: Забавување на економската динамика во втриот квартал од 2023

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on