Меркел го повикува Џонсон да не се повлекува од преговорите за односите по Брегзит

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика британскиот премиер Борис Џонсон да ги продолжи преговорите за односите со ЕУ после Брегзит. Таа потенцира дека е неопходен компромис, пишува „Гардијан“.

Барањето на Меркел доаѓа во момент кога се чека изјава од Џонсон за тоа дали британската страна ќе се повлече од преговорите.

Меркел се обиде да ги смири страстите. Таа истакна дека двете страни мора да најдат заедничко творештво.

Во септември Џонсон се закани дека Лондон ќе се повлече од разговорите доколку до овој викенд не се постигне договор.

– На некои места работите се одвиваат добро, на други места треба уште многу да се сработи. Побаравме од Велика Британија да остане отворена за компромис за да може да се постигне договор. Тоа значи дека и ние, исто така, мора да правиме компромиси, забележа германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД