За прв пат од почетокот на пандемијата, Франција бележи повеќе од 30.000 новозаразени во еден ден, ова претставува рекорден број по вчерашната бројка од 22.600 позитивни случаи.
Властите во Франција соопштија дека вечерва на полноќ, полицискиот час стапува на сила во главниот град Париз како и во осум други поголеми градови, каде има енормен раст на новозаразени од Ковид-19.
12.000 полицајци ќе ја следат усогласеноста со новата мерка, која ќе важи од 21 до 6 часот наутро.
Генералниот директор на СЗО, Ханс Клуге изјави дека ситуацијата во Европа предизвикува голема загриженост поради зголемувањето на бројот на смртни случаи и новозаразени.
Тој смета дека предвидувањата од веродостојните модели за пандемијата се далеку од оптимистички и предвидува дека нивото на смртност од вирусот во јануари 2021 година може да биде од четири до пет пати повисок отколку во април оваа година.