Радиоактивна вода од „Фукушима“ ќе биде исфрлена во океан

Од:

Јапонија одлучи да исфрли радиоактивна вода во океанот од уништената нуклеарна централа Фукушима. Официјално соопштение се очекува од владата подоцна овој месец.

Токио електрик пауер собра повеќе од еден милион тони радиоактивна вода откако нуклеарната централа беше погодена од земјотрес и цунами во 2011 година.

Јапонскиот министер за индустрија Хироши Каџијама изјави дека конечната одлука се уште не е донесена, но дека тоа ќе биде донесено наскоро. Деактивирањето на централата е клучен предуслов за закрепнување на Фукушима од нуклеарната катастрофа, додаде тој.

Акумулацијата на радиоактивна вода во Фукушима го отежнува расчистувањето, што веројатно ќе трае со децении. Ова е особено итно бидејќи следното лето се закажани Олимписките игри во Токио, а некои од настаните се одвиваат на помалку од 60 километри од уништената централа.

На почетокот на оваа година, експертска група ја советуваше јапонската влада да исфрли радиоактивна вода од Фукушима во океанот. Јапонското Министерство за индустрија од април слуша мислења од разни страни.

Би можело да ве интересира

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Силен земјотрес ја погоди Фукушима

Одложено е извлекувањето на нуклеарниот отпад од централата Фукушима

Врховен суд на Јапонија: Владата не е одговорна за отштетата за Фукушима

Ана Ололовска

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска