Странските инвестиции продолжуваат во државата, преговараме за инвестиции вредни три милијарди евра, а Владата ќе поддржи уште 40 нови домашни инвестиции со Законот за финансиска поддршка, во вредност од 20 милиони евра. Сите инвестиции низ државата се во тек, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Се надевам, истакна, да успеат 10 проценти, тоа се 300 милиони евра крупни инвестиции и тоа само по Законот за стратешки инвестици во државата формирани се четири комитети соодветно за четирите инвестиции за кои разговараме. Во тек се постапки за нови инвестиции за фотоволтаици од 100 мегавати кои верувам дека кога завршува постапката ќе бидат отворени до крајот на октомври или ноември. Подигнати се 56 документации за Чебрен и Галиште, разговараме за наши инвестици во новата централа во Грција, Алксандрополис. Во државата се отворени преговори за инвестици заради тоа што тргнавме во засилена економска дипломатија на највисоко ниво поставени структури во Владата, министрите и јас, за инвестиции во производствени капацитети, рече Заев.
Се разговара, како што дополни, и со 10 турски компании за индустриската зона Гевгелија која е исто дел од ТИРЗ-овите, а неколку активности веќе се договорени во зоната Визбегово и во индустриските зони во градовите низ дражавата.
-Мислиме дека овој период ако некаде не можеме комплетно да ги реализираме плановите со старт на градба на фабрика или почеток на градба барем да ги постигнеме договорите, рече Заев.
Тој најави дека денеска Владата ќе објави поддршка на повеќе од 40 нови домашни инвестиции преку Законот за финансискка поддршка. Тоа се нови 40 инвестици со вредност од над 20 милиони евра, директна инвестиција од самите компании, а државата ќе ги поддржи, посочи Заев при увидот за изградба на инфраструктурата во ТИРЗ Скопје 2.
Како што потенцираше директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски од страна на Владата за сите компании се дадени сите услови и беа поддржани.
– Кеслер ја направи својата инвестиција, но на крај решија да останат надор од зоните и да неинвстираат во објект во зоните. Саген е во фармацевтската индустрија тие веќе регистрираа фирма, работат на терен и регистрираат лекови, тој договор најверојатно за кратко ќе се препотпише. Следуваат уште два договора што за брзо време ќе истечат, рече Младеновски, одговарајќи на новинарско прашање.