Македонската модна етикета Лудус се закити со наградата .„WOW Show“ на Љубљанската модна недела минатиот викенд.
Љубљанската модна недела се оддржа овој пат во посебни услови диктирани од пандемијата, а 10-те дена беа полни со дигитални, ревијални и инсталациски презентации на модните дизајнери од Словенија и регионот,.Се затвори на 10 октомври со Модната манифестација се затвори на 10 октомври со доделување на наградите за најдобрите презентации и колекции
.„Лудус“ беше поканет да учествува во делот на модните филмови на дизајнерите кои поради пандемијата беа спречени да бидат присутни на овогодишното издание. Промоцијата се случи на 5 и 6 октомври во МАО – Музејот за архитектура и дизајн на Словенија.
„Лудус“ ја претстави последната колекција „Реквием: Пост-родовост III“ со видео каталог изработен од видеографот Мирослав Илиќ, со моделите Ивана Манасиевска (Моделс Ин) и Стефан Китановиќ и шминка и фризура на Мартина Ивановска.
Колекцијата е трет дел од низата колекции насловени „Пост-родовост“ и ја застапува темата на родова еднаквост и футуристичката визија за елиминирање на родовите и родовите улоги, а овој пат е истовремено и обид на авторот Драган Христов за омаж на западната цивилизација и култура и говори за нејзината деклинација во нашите „анти-интелектуални“ времиња. Присутни се очигледни визуелни референци од античките и класицистичките историски костими што се адаптирани во современ производ без трендовски ознаки.
„Лудус“ е застапен на странскиот пазар преку продажбата од сопствениот сајт ludus.com.mk, неколку интернет продавници во Европа, Англија и САД, како и концептуалната продавница „Пентља“ во Љубљана, долгогодишен застапник на колекциите на „Лудус“ каде може да се најде и оваа колекција.