Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека годинава од глад во светот умреле седум милиони лица, додека пандемијата на Ковид-19, која ќе ја влоши глобалната состојба со гладта, однела уште еден милион животи.
Светската програма за храна, која минатата недела ја доби Нобеловата награда за мир за нејзините напори да ја спречи употребата на гладот како оружје за војна и конфликти, соопшти дека досега собрала 1,6 милијарди долари.
-Треба да собереме многу повеќе пари за да се осигураме дека ќе избегнеме глад, рече Дејвид Бисли, извршен директор на програмата, на прес конференција организирана од Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).
Бидејќи разгорувањето на пандемијата на коронавирусот и ограничувањата поврзани со неа ги исцедија веќе гладните заедници, гладта поврзана со Ковид-19 во оваа прва година од пандемијата месечно убиваше други 10.000 деца, алармираа ОН уште во јули.
Бидејќи блокадите и меѓународните трговски патишта ја нарушуваат испораката на виталната помош, ОН предупреди дека пандемијата на коронавирусот може да има „генерациски ефект“ врз здравјето на милиони деца. Врз основа на најлошото сценарио, напишано од експерти на ОН, само годинава може да умрат речиси 180.000 деца, додека пандемијата може да предизвика малите деца да пропуштат 50 отсто од услугите за грижа и третман на храна.
Во земјите кои веќе се соочуваат со хуманитарна криза, Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека може да се нарушат до 100 отсто од основните услуги за храна.