Се поголем број деца во Сомалија се соочуваат со глад

Од:

Бројот деца кои се соочуваат со тешка акутна неухранетост во Сомалија надмина половина милион, што е повеќе отколку во 2011 година кога десетици илјади деца умреа од глад, соопштија денеска Обединетите нации.

Според податоците на УНИЦЕФ, повеќе од 700 деца починале во максимално исполнетите нутриционистичките центри низ земјата.

„Повеќе од половина милион деца се соочуваат со последици што можат да се спречат. Тоа е вистински кошмар“, изјави на прес-конференција во Женева портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, предупредувајќи дека дека таква ситуација не е забележана во ниту една земја во 21 век.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија