Папуљас не му одговара на Иванов

Од:

Шефот на грчката држава, Каролос Папуљас, ја одбил поканата на неговиот македонски колега да учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што во рамките на македонското претседавање ќе се одржи на 1 јуни во Охрид.

Прес-службата на грчкиот претседател, на прашањето на македонската агенција МИА зошто Папуљас нема да дојде во Охрид, добиле одговор дека сè уште нема официјален одговор на поканата.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов уште во ноември минатата година му испратил писмо со покана на Папуљас за учество на Самитот.

„Приоритетите кои беа поставени за време на нашето претседавање и средбите што ќе следат до завршниот Самит, уверен сум, ќе ја помогнат регионалната соработка и напредокот на целиот регион на полето на европските и евроатлантските интеграции“, вели Иванов во писмото до Папуљас.

Девет претседатели на држави досега го потврдиле своето присуство на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин е претседателот Ѓорѓе Иванов. Освен претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија, на Самитот свое присуство потврдил и минстерот за надворешни работи на Турција.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on