ОН: Два милиони луѓе загинале во природни катастрофи за половина век

Од:

Многу животи и ресурси можат да се спасат со навремено и правилно предупредување и подготовка пред природните катастрофи, истакнува Светската метеоролошка организација (СМО).

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека околу два милиони луѓе го загубиле животот во природни катастрофи предизвикани од временски и климатските услови во изминатите 50 години, а причинетата материјална штета се проценува на 3,6 милијарди долари.

Светската метеоролошка организација (СМО) и неколку други организации под покровителство на ОН објавија посебен извештај по повод Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи.

Во извештајот се наведува дека климатските промени довеле до почести природни катастрофи и оти една третина од светската популација нема пристап до соодветен систем на навремено предупредување за можна катастрофа.

На глобално ниво, во изминатите пет децении се забележани повеќе од 11.000 природни катастрофи, во кои животот го загубиле околу два милиони луѓе и предизвикале материјална штета од 3,6 милиони долари.

Генералниот секретар на СМО, Петери Талас, рече дека многу животи и ресурси може да се спасат со навремено и соодветно предупредување и подготовка во случај на природни катастрофи.

Укажувајќи на кризата и нарушувањата со глобални размери предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Талас рече дека климатските промени во следниот век, исто така, ќе претставуваат растечка закана за човечките животи.

Канцеларијата на Меѓународната стратегија на ОН за намалување на ризикот од катастрофи (УНИСДР) соопшти дека е забележано драматично зголемување на природните катастрофи во последните 20 години.

Во образложението се наведува дека од 1980 до 1999 година, во светот се забележани 4.212 природни катастрофи, и дека од 2000 до 2019 година, во светот се случиле 7.348 такви катастрофи.

Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи е посветен на зачувување на животната средина и спречување на ризикот од природни катастрофи.

Иницијативата беше покрената во 1989 година, по повикот на Генералното собрание на ОН, кое смета дека Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи е начин за промовирање на култура на свесност за ризик и намалување на ризикот, што вклучува спречување, ублажување и подготвеност при катастрофи.

До 2009 година, Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи се славеше втората среда во октомври, а по 2009 година, тој ден се слави на 13 октомври.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

A1on

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

A1on

Ковачевски: Македонија гласаше воздржано затоа што нападот на Хамас не беше спомнат во Резолуцијата

A1on

Џафери не смее да излезе од Македонија: Зошто собранискиот спикер не патува истовремено со претседателот

A1on

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on