Американското воено воздухопловство бомбардирало талибанци

Од:

Американското воено воздухопловство бомбардираше позиции на талибанците, како поддршка на редовните авганистански безбедносни сили нападнати од талибанците во јужната провинција Хелманд.

Претставникот на американската армија во Авганистан, полковник Сони Легет изјави дека нападите на бунтовниците не се во согласност со договорот потпишан меѓу талибанците и САД и оцени дека тие ги загрозуваат тековните преговори кои завојуваните страни ги водат во Катар.

– Талибанците мора веднаш да ги запрат офанзивните операции во провинцијата Хелманд и да го намалат насилството што го вршат низ целата земја, рече полковникот Легет, цитирајќи го генералот Скот Милер, командант на американските сили во Авганистан.

Легет повтори дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат официјалните авганистански сили за време на сите талибански напади.

Во исто време, претставници на владата во Кабул и талибанците во Катар преговараат за ставање крај на внатрешните судири во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан