ФОТО: Со зурли и тапани Македонците од Албанија прославија отварање на граничен премин

Од:

Со зурли, тапани и музика, македонците од областа Голо Брдо го прославија отварањето на граничниот премин Џепиште-Требиште на македонско албанската граница.

Стотина македонци, и политичките претставници на македонците во Албанија во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Албанија, Јанкуловска и Нока го дочекаа денот на официјалното пуштање во употреба на преминот кој ќе функционира како заеднички, а на едно место ќе се проверуваат потребните документи за влез и излез. Полициските службеници од двете страни ќе бидат сместени во еден монтажен објект.

premin (4)

Инаку, од отворањето на локалниот премин Џепиште – Требеишта на 2 мај годинава досега низ него поминале 726 патници, од кои 117 македонски, а 609 странски државјани.

Според македонците во областа Голо Брдо со ова значително ќе се олесни протокот на возила, стока и патници, а многу полесно ќе доаѓаат во Македонија, каде поради близината со градот Дебар ќе може да ги извршуваат потребните активности.

premin (3)h=”640″ height=”480″ class=”aligncenter size-full wp-image-151464″ />

Во исто време на граничниот премин Ќафасан беше отворен и првиот заееднички контакт центар за полициска соработка помеѓу Македонија и Албанија, што ќе придонесе за подобрување на полициската соработка и размена на потребните информации во борбата против организираниот криминал.

premin (2)

„Со денешното отворање на контактниот центар испраќаме една порака за подобрување на соработката, протокот на патници и возила и интензивирање на комуникацијата помеѓу двете држави. Ваквиот систем на работа е систем кој во голема мера го олеснува функционирањето на полициските служби, но би сакала да додадам дека со Р Албанија имаме и еден уште повисок степен на соработка кој практично се манифестира на граничниот премин Џепиште – Требиште“, рече минисетрката Јанкуловска.

premin (1)„Ова претставува чекор напред во соработката меѓу двете земји. Веќе имаме заеднички патроли и заеднички ќе дејствуваме во спречување на меѓуграничен криминал“, рече министерот за внатрешни работи на Албанија“, Фламур Нокда.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција