Арсенал му исплати на Озил бонус за лојалност од осум милиони фунти

Од:

Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил доби осум милиони фунти од клубот, објави „Атлетик“.

На крајот на септември „топчиите“ му платија на играчот бонус за лојалност. Оваа сума му следуваше на Озил според договорот во случај тој да не го напушти лондонскиот клуб пред крајот на 2020 година.

За потсетување, Арсенал сакаше да го продаде Озил во текот на летниот преоден рок, но не најде купувачи за играчот.

За фудбалерот беше заинтересиран Ал-Наср, но тој одби да се пресели во Саудиска Арабија.

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета не го вклучи Озил во составот за Лигата на Европа. Фудбалерот нема играно за Арсенал од март.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Германците бесни поради тетоважата на фудбалерот-што значи симболот на неговите гради

Предраг Петровиќ

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси