Во Загреб пред зградата на хрватската Влада утрово е повреден полицаец од огнено оружје, а хрватските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил.
„Полициските службеницви на адреса во Јабуковац пронајдоа лице кое одговара на описот на напаѓачот, лицето изврши самоубиство“, соопшти полицијата по инцидентот.
Повредениот полицаец со возило на брза помош е однесен во болница.
Според очевидци при нападот се слушнало рафал, додека дел од хрватските медиуми објавија дека во полицаецот е пукано од калашњиков.