Пропадна денешната геј парада во грузиската престолнина Тбилиси, откако илјадници противници на хомосексуалноста го окупираа булеварот, по кој учесниците требаше да минат, пренесоа американските медиуми.
Полицијата во Тбилиси под заштита стави неколку десетици геј активисти и со автобуси ги префрли од центарот на градот, откако демонстрантите го блокираа булеварот „Руставели“ во Тбилиси.
Демонстрантите, меѓу кои имаше православни свештеници, инсистираа на тоа дека хомосексуалноста им противречи на традиционалните источноправославни вредности на Грузија.
Властите во земјата ја одобрија парадата, соопштувајќи дека сите нејзини граѓани можат јавно да ги изразат своите ставови, без разлика на нивната сексуална ориентација, забележаа американските медиуми.