Џохар Царнаев напишал порака во чамецот во кој беше откриен од полицијата

Од:

Обвинетиот за бомбашкиот напад на Бостонскиот Маратон, Џохар Царнаев оставил пишана порака во која нападите ги опишува како одмазда за американските војни во муслиманските земји, пренесува Ал Џезира.

Царнаев, напишал порака во чамецот, во кој беше пронајден ранет неколку дена по експлозијата во која загинаа три лица, а 264 беа повредени.

Според анонимни извори Царнаев во внатрешноста на чамецот со пенкало напишал порака „ако нападнете еден муслиман, тогаш сте ги нападнале сите муслимани“.

– Во суштина пораката кажува дека нападот е одмазда за американските злосторства врз муслимани во Ирак и Авганистан, како и дека жртвите на Бостонскиот маратон се колатерална штета, на ист начин како што и цивилните жртви во американските војни низ светот се сметаат за колатерална штета, изјави репортер на ЦБС Џон Милер, поранешен портпарол на ФБИ, пренесува Ал Џезира.

Џохар Царнаев моментално се наоѓа во затворска болница во Бостон и доколку биде осуден ќе се соочи со можна смртна казна.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он