Столтенберг: НАТО ќе се повлече од Авганистан заедно со САД

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја потврди денеска одлуката на Алијансата да ги повлече своите сили од Авганистан заедно со САД, по изјавата на американскиот претседател Донлад Трамп за повлекување до Божик.

– Одлучивме заедно да го напуштиме Авганистан. Ќе го усогласиме повлекувањето, истакна Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

Трамп, во екот на кампањата за претседателските избори, изјави дека сака да ги повлече американските војници од Авганистан до Божик, побрзо од предвиденото со договорот меѓу САД и талибанците.

– До Божик би требало да се вратат дома мал број храбри мажи и жени, кои се уште служат во Авганистан!, напиша Трамп синоќа на Твитер.

Администрацијата на Трамп се обврза дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средина на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија ако сака добри односи со Западот