Уште еден српски рапер „падна“ со поголемо количество дрога во Белград

Од:

Денеска во Белград со поголемо количество дрога е уапсен раперот Сале Тру, кој е втора „жртва“ на полицијата меѓу рап музичарите во последната недела.

32-годишниот Александар Лазиќ бил подолго време следен, а при денешниот претрес кај него се најдени над еден килограм марихуана и 871 таблета „екстази,“ соопшти полицијата.

Сале Тру беше популарен кај српската рап публика пред десетина години, по што речиси и да престана да се занимава со музика, а според српските медиуми, пред неколку години се обидел да ја поврати старата слава со учество во реалното шоу „Задруга“.

Минатата недела, во Белград беше уапсен Стефан Ѓуриќ – Раста, кај кого исто така беше најдено поголемо количество марихуана, спакувана во пакетчиња, според полицијата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он