Талибанците и авганистанските власти денеска го договорија Кодексот на однесување, што ќе има за цел мировните разговори, што наскоро треба да почнат во Доха, да минат без проблеми.
Британските медиуми пренесуваат дека двете делегации, со помош на американските политичари, постигнале таков договор за мировните разговори да не бидат прекинати или да не се претворат во судир.
Преговорите меѓу Авганистанците и талибанците почнаа минатата година во Катар со цел да се стави крај на повеќедецениските воени судири во Авганистан.