Венизелос најави вето за Македонија

Од:

Евангелос Венизелос, лидерот на грчката социјалистичка партија ПАСОК, која е член во владејачката коалиција, најави дека Грција во јуни повторно ќе стави вето на отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

– Грција е најважниот и најголемиот поддржувач на европската перспектива на пјр Македонија, но, според европската политичка, институционална, историска, културна рамка за прием на нови земји членки, апсолутно е неопходно да се решат постоечките проблеми пред отворање на преговорите за членство. Ние ги прифаќаме добрите услуги на амбасадорот Нимиц и подготвени сме да разговараме во рамките на Времената спогодба меѓу двете земји. За пјр Македонија, Грција е реален пријател и реално е порта за Европската унија, изјави Венизелос на прашањето како Грција ќе се постави на Европскиот Совет кога ќе се отвори прашањето за македонското барање за прием во ЕУ.

Венизелос побара да се почитува тајноста на разговорите и да не се излегува во јавност со податоци за нивниот тек, но побара и од Македонија да се помири со, како што рече, постоењето на црвени линии од страна на Грција.

– Ако веруваме дека е можно политичко решение, мора да постои тајност и можност за дискреција на посредникот Нимиц. Неопходно е избегнување на давање изјави и опишување на овој спор со академски термини. Јас сум оптимист, но за да се постигне решение неопходно е и Владата на премиерот Груевски да прифати дека Грција е најдобриот пат од Скопје до Брисел, бидејќи без посредништво на Грција, Скопје нема да ги оствари европските цели. Да не ги повторуваме нашите ставови, потребно е да го прифатите постоењето на грчките црвени линии по ова прашање, изјави Венизелос, кој рече дека спорот добро го познава од времето на грчкото ембарго и неговата работа во Владата на Андреас Папандреу.

Тој оцени дека за Грција интеграцијата на целиот Балкан во Европската Унија е стратегиско прашање.

Лидерот на некогаш моќната социјалистичка партија на Грција е во Вашингтон во посета која во грчката амбасада ја опишуваат како приватна.

Венизелос се обрати во Центарот Вудро Вилсон во Вашингтон, каде зборуваше за економската криза во Грција и во Европската унија во целина.

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии на Грција не ги штедеше зборовите на критика упатени до Германија, Соединетите Американски Држави и особено Меѓународниот монетарен фонд, кои ги обвини за потопување на демократијата во Европа.

Венизелос направи споредба меѓу влијанието на ММФ во трансформирањето на економиите на презадолжените европски држави, американското влијание во ММФ и американското безбедносно влијание врз Европа преку НАТО и ги обвини САД за тешката состојба во Грција.

– Познатата европска Тројка, во која е вмешан и Меѓународниот монетарен фонд, ја заменува улогата на Европската Комисија и работи надвор од контролата на европските институции. Тројката се претвори во претставник на државите заемодавачи, кои им ги диктираат условите на сиромашните и презадолжени држави. Знаеме дека САД се главни акционери во ММФ, и имаат големо влијание во оваа институција која е базирана тука во Вашингтон. До тоа европската монетарна безбедност стана де факто трансатланско прашање, што го истакнува демократскиот дефицит и слабостите на ЕУ, изјави Венизелос.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски