Пронајдени сочувани неврони на жртва на Везув од пред 2.000 години

Од:

Италијанските археолози, откриле совршено сочувани неврони на една од жртвите на ерупцијата на вулканот Везув, што се случила во 79 година од Нашата ера.

– Ова е невидено откритие. Изгледа како ерупцијата да „ги замрзнала” мозочните клетки на жртвата и тие останале така сочувани и по 2.000 години, објаснува археологот и форензичар Пјер Паоло Петроне.

Ова откритие е вредно не само затоа што е археолошка реткост, туку, пред сè, затоа што овозможува подробно да се утврдат фазите на вулканска ерупција и, споредувајќи ги со сведоштвата на современици, да се увиди што им се случило на жителите на неславната Помпеја при ерупцијата на Везув.

– Ова се елементи што можат да ни помогнат, преку реконструкција на минатото, да ги предвидиме и утврдиме мерките за заштита од ерупција на кој било вулкан во светот во иднина, вели Петроне.

Планината Везув над Неаполскиот Залив е се уште активен вулкан и досега се забележани 50 ерупции, од кои таа во 79 година била најразорна. Тогаш, два антички града – Помпеја и Херкуланеум биле целосно уништени и пеплосани, заедно со луѓето во нив.

Научниците подоцна утврдиле дека ерупцијата на Везув во 79 година ослободила сто илјади пати посилна топлинска енергија од двете атомски бомби кои 1945 година Американската армија ги пушти врз Хирошима и Нагасаки, Јапонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска