Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул, доживеа катастрофа вечерва на гостувањето кај Астон Вила. „Црвените“ претрпеа пораз со 7:2 во 4. коло од Премиер лигата.
За Ливерпул ова е прв пораз оваа сезона, додека Астон Вила го задржа стопроцентниот ефект, има три од три.
Кај домаќините, Оли Воткинс постигна хет-трик, Џек Грилиш даде два гола, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Џон Мекгин и Рос Баркли. Двоен стрелец кај Ливерпул беше Мохамед Салах.
Незаборавното коло во Премиер лигата го одбележа и поразот на Манчестер јунајтед од Тотенхем со 6:1.
За потсетување, Ливерпул и Манчестер јунајтед се двата најтрофејни клуба во Англија.