Хамес Родригез беше двоен стрелец на денешниот дуел во Ливерпул на кој Евертон го совлада Брајтон со 4:2.
За „карамелите“ ова е четврти триумф во четвртиот настап оваа сезона.
Покрај Хамес, во листата на стрелците за домаќините се запишаа Јери Мина и Доминик Калверт-Лоин.
Евертон е лидер на табелата со максимални 12 бода.
На другиот денешен дуел завршен досега, Челзи го победи Кристал Палас со 4:0.
Вечер играат:
Лидс – Манчестер сити и
Њукасл – Барнли.