Царовска: Бојкот и нарушување на протоколите е неконструктивен начин за надминување на кризата

Од:

Најавувањето бојкот или нарушување на протоколите во училиштата е неконструктивен начин на надминување на оваа криза во нашата држава. Секој од нас е одговорен за јавното здравје и правото на здравје. Ако некој директно и свесно го загрозува здравјето на другиот, тогаш имаме прекршување на закон и на Устав. Затоа ги повикувам сите наши граѓани, сите родители, наставници и ученици, дека секој од нас треба да се справува на конструктивен начин со оваа епидемија, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Ги почитува одлуките на Комисијата за заразни болести зашто се темелат на факти, а владината комисија која дава одобренија за настава со физилко присуство не решава, како што рече, затоа што сака или не сака да се отвори некое училиште, туку врз основа на аргументација и бидејќи смета дека постои ризик за нарушување на здравјето на целото население.

-Сега приоритет е зачувување на здравјето на сите наши граѓани, а незачувување на здравјето значи повеќе заразени и повеќе смртни случаи. Ако состојбата се менува на позитивно, нема да има некој кој ќе застане против отворање на училиштата со физичко присуство, но ако е ваква или полоша, ќе размислуваме за други прашања за да го заштитиме јавното здравје, но и да обезбедиме континуитет на наставата на начини кои се можни во тој момент, рече Царовска која денеска присуствуваше на предавање на донација од турската агенција ТИКА на ОУ „Петар Здравсковски-Пенко“ во општина Бутел.

Во врска со проблеми со интернет-пристап во рурални средини, одговори дека во сите помали и подрачни училишта во рурални средини е обезбедена настава со физилко присуство, а потсети и дека за децата без соодветни ИТ-уреди има наставава на МРТ на македонски и на албански јазик и учениците ќе добиваат материјали од училиштето.

– Ова се флексибилните модели и ваква ситуација има во сите земји во развој како нашата. Да не заборавиме и дека голем број од општините во изминатиот период донираа таблети за учениците што немаат, додаде Царовска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови