Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја потврдила дека повеќе од 300 радикални исламисти пристигнале од Сирија, преку турски Газијантеп, во зоната на конфликти во Нагорно Карабах.
-Однесувањето на Турција не е достојно за земја членка на НАТО и ние веруваме дека ваквите активности се целосно неприфатливи. Во овој случај, црвената линија е веќе премината, изјави Макрон по првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел.
Тој објасни дека повеќе од 300 сириски исламистички милитанти биле изнесени од зоната Алепо и потоа биле распоредени во зоната на конфликтот Нагорно Карабах преку турски Газијантеп со цел да учествуваат во непријателски акции на страната на Азербејџан.
– Ова е потврден факт, овие лица се идентификувани и следени, и сите се поврзани со терористичката организација „Исламска држава“, изјави Макрон.
Тој додаде дека разговарал за тоа со рускиот претседател Владимир Путин, кој, потврдил дека Русија била информирана за тоа.
Макрон најави дека Франција, Русија и САД, како копретседатели на Минската група на ОБСЕ, ќе презентираат низа иницијативи за запирање на конфликтите во Нагорно Карабах што е можно поскоро.