Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, испрати желби за брзо закрепнување до американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија, откако објавија дека се позитивни на коронавирусот.
Пенс му посака на Трамп брзо закрепнување на Твитер.
Karen and I send our love and prayers to our dear friends President @realDonaldTrump and @FLOTUS Melania Trump. We join millions across America praying for their full and swift recovery. God bless you President Trump & our wonderful First Lady Melania.
— Mike Pence (@Mike_Pence) October 2, 2020
„Карен и јас испраќаме љубов и молитви до нашите прекрасни пријатели Доналд Трамп и Меланија. Ние им се придружуваме на милиони низ Соединетите држави кои се молат за нивно брзо закрепнување. Бог да го благослови претседателот Трамп и нашата прекрасна прва дама Меланија“, напиша американскиот потпретседател Пенс.