МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

Од:

Министерството за образование и наука соопшти дека првиот училишен ден поминал успешно за најголем дел од учениците во државата. Физичката настава, онаму каде што владината комисија утврдила дека има услови, се одржувала согласно протоколите пропишани од здравствените власти.

Од Министерството посочуваат дека платформата „Microsoft teams“ се покажала како стабилна за одржување онлајн настава и во најголем дел учениците и наставниците денеска се приклучиле успешно или со помали тешкотии.

Од утрово, како што потенцираат, успешно се реализира и емитувањето на 15-минутните часови на телевизија преку Националната радио телевизија за што однапред се објавени распоредите.

Исто така, Министерството за образование и наука укажува дека одлуката за следење настава со физичко присуство ја носат здравствените експерти.

-Следејќи ги нивните насоки, при организација на наставата МОН имаше два приоритети – заштита на здравјето на сите учесници во образовниот процес и обезбедување пристап до образование за секое дете. Бојкот на наставата целосно го деградира образовниот процес, а најголемата штета од ова ја трпат токму децата. Образовниот процес мора да продолжи – клучно за развојот на секое дете е да ја следи наставата, без разлика дали е тоа онлајн, или со физичко присуство, посочуваат од Министерството.

Оттаму апелираат сите да останат посветени и доследни на одговорноста која, како што велат, секој од нас ја носи во заштита на здравјето на децата, но и на јавното здравје.

-Оваа година е несомнено различна од сите останати. Меѓутоа, она што е важно е што сите ученици имаат можност да следат настава и се во континуирана комуникација со наставниот кадар. МОН, заедно со сите учесници во креирање на онлајн платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен. Надлежните власти продолжуваат да ја следат епидемиолошката слика во секоја општина и да носат одлуки согласно актуелната состојба, се наведува во соопштението на МОН.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите