Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Од:

За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Северна Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, објави словенечката Амбасада во земјава.

-Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Северна Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје, наведува Амбасадата.

Во соопштението на Амбасадата, објавено на Фејсбук, се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

Одлуката на словенечката Влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Грешката на ЕУ беше што престанавме да комуницираме со Русија

ВИДЕО: Словенечки политичар се искачи на покривот на Собранието, се закани со самоубиство

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски