(ВИДЕО) Заев: Секојдневно обезбедуваме технички помагала и начини за децата да ја следат наставата, нема да чекаме до април

Од:

На денешниот настан по повод почетокот на учебната година, во одговор на новинарско прашање, премиерот Заев објасни дека Владата секојдневно обезбедува нови количини компјутери и технички помагала за учениците преку различни институции и различни иницијативи и соработки, со цел да се овозможи децата непречено да следат настава.

Премиерот низ пример илустрираше колку време би било потребно доколку се спроведува редовна постапка за набавка на компјутери согласно процедурите за јавни набавки и нагласи дека државата е тука за сите и дека секое дете ќе се чувствува еднакво.

Со ова објаснување премиерот укажа дека Владата нема да дозволи децата да не бидат обезбедени со технички помагала до април, па затоа се реализираат алтернативни мерки и начини за обезбедување услови за следење на наставата од страна на сите ученици.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ