Милошоски и прости 15.000 евра на Костова

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, и прости 15.000 евра на главниот и одговорен уредник на „Фокус“, Јадранка Костова.

Апелациониот суд позитивно се изјасни по тужбата на Милошоски за клевета.

Тој додаде дека утврдувањето на вистината му е поважна отколку материјалниот надоместок.

„Не барам пари, моралната правда е задоволена“, изјави Милошоски.

„Утврдувањето на вистината е најдобриот лек за изнесената клевета. Во овој случај утврдувањето на моралната првда од страна на судот за мене беше доволна цел и чуствувам дека нема потреба понатаму да барам материјална надомест“ , вели пратеникот Милошоски.

За претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, ова треба да е пример и за другите политичари кои што имаат покренато тужби против новинари.

Јадранка Костова е осудена за клевета за текст од март 2011, во неделникот „Фокус“ во кој пишува дека „Здружението на возачи станало семејна фирма на Милошоски“.

 

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ