За утре закажан „Синдикален мото марш“ за поддршка на битолските полицајци

Од:

Утре во Битола со почеток во 15 часот ќе се одржи „Синдикален мото марш“ во организација на Независниот полициски синдикат. Како што велат организаторите, настанот има за цел да ги поддржи полициските службеници-сообраќајци од Битола, кои се соочуваат со дисциплински мерки по случајот со претепувањето на граѓани од ромска националност минатата недела.

„Колона на возила ќе тргне од пред Црквата Св. Недела и бензинска пумпа Макпетрол на излезот од градот кон Прилеп, и ќе се движи кон – СВР-Битола и Булевар 1-ви Мај понатаму кон Кружен тек ЦРН Мост, Педагошки факултет – Ул. Васко Карангелески – Т.Ц. Нов Пазар- од Кужен тек по Ул. Партизанска- Поранешна Касарна на АРМ- Индсриски пат- Кружен тек (РЕК-Прилеп) – со завршување во 17.00 часот пред СВР-Битола и ЈО –во Битола,“ соопшти Независниот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите