ВИДЕО: Гори градинка во српскиот град Власотинце, евакуирани 150 деца

Од:

Над 150 деца од градинка во градот Власотинце во јужна Србија биле евакуирани попладнево откако во објектот на установата „Милка Диманиќ“ избил голем пожар, јавуваат локалните медиуми.

Пожарот го зафатил горниот кат од зградата во која се наоѓа градинката, а интервенирале десетици пожарникари, кои попладнето со часови се бореа да го локализираат огнот и да го спречат да се прошири на околните згради. Граѓани, родители и вработени во околните продавници помогнале да се евакуираат децата.

Градинката се наоѓа во центарот на Власотинце, град со околу 16.000 жители, блиску до општината и полициската станица.

„Воспитачките беа присебни, веднаш ги изведоа децата, никој не е повреден. Пожарникарите дојдоа за пет минути и го гасат пожарот,“ изјави директорката на градинката, Снежана Филиповиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија