Дефанзивецот на Челзи, Тијаго Силва изјави дека имал затегнати односи со Унаи Емери кога тој беше на чело на ПСЖ. Емери работеше со парижаните од 2016 до 2018 година.
– Честопати не се согласувавме еден со друг. Тој беше командант. Да, тој добива плата за тоа, и јас го почитував неговиот авторитет, но … На првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тој ме остави на клупата затоа што му бил потребен левучар како централен дефанзивец. Ова беше неговиот изговор. Првпат зборувам за ова. Тогаш беше тешко да се прифати тоа.
Го остави и Ди Марија на клупата и загубивме со 1:3. На вториот натпревар повеќе не му требаше левучар на таа позиција. Ме стави во почетната постава! Ова е нешто што играчот не може да го разбере. И ова е еден од многуте примери на постапките на Емери, истакна Силва.