Кин: Медениот месец за Солскјер заврши, тој ќе мора да освои трофеј

Од:

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, зборуваше за работата на Оле Гунар Солскјер како главен тренер.

Според Ирецот, Солскјер ќе треба да освои трофеј за да ја задржи работата во Манчестер јунајтед.

– Оваа година барањата за Уле ќе бидат различни. Мислам дека минатата година се работеше за влез во првите четири. Знам дека стигнаа до три полуфиналиња, но сега стапките растат. Тие треба да се доближат до Ливерпул и Манчестер сити. Јазот не може да биде ист како последните три или четири години. Оле можеби ќе треба да земе трофејот за да остане на функцијата. Мислам дека неговиот „меден месец“ заврши за него, притисокот почнува да расте, особено со такви резултати како во последната недела, истакна Кин.

Ова е само почеток, но тие веќе пропуштија многу шанси против Кристал Палас и Брајтон, па сигналите не се многу охрабрувачки. Да играа против Манчестер сити или Ливерпул, ситуацијата ќе беше поинаква, додаде Кин.

Манчестер јунајтед има една победа и еден пораз по првите две кола во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска