Вработена во МВР се сликала полугола во полициска униформа, внатрешна контрола и отвори дисциплинска

Од:

Вработена во Министерството за внатрешни работи се сликала полугола во полициска униформа и таквата фотографија ја објавила на социјалните мрежи, а Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против неа. Иако заматени, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата, откопчана кошула и краватата меѓу градите.

За вакво однесување, во минатото биле казнети повеќе вработени, бидејќи внатрешната контрола посочуваше дека е прекршен етичкиот кодекс на однесување кој мора да го почитуваат сите вработени.

Од МВР велат дека случајот е пријавен, а пак, надлежните служби веќе постапуваат.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате“, велат кратко од МВР.

Пред шест месеци, за сличен настан, внатрешната контрола на МВР казни двајца полициски службеници кои фотографирани во полициска униформа, споделија објава со натпис: „Седете дома клошари“. Ваквиот потег, веднаш беше осуден од министерството и оценет како недоличен и недопустлив.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски