Ботас ја искористи казната на Хамилтон и победи во Русија

Од:

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше на трката за Големата награда на Русија во Сочи.

Тој започна од третата позиција и на крајот, се испостави, лесно стигна до втората победа во кариерата на оваа патека.

Макс Верстапен заврши втор, а трет беше шампионот Луис Хамилтон.

Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез го зазеде четвртото место, Даниел Рикардо од Рено беше петти, а возачот на Ферари, Шарл Леклер, го освои шестото место.

Возачот на Рено, Естебан Окон, трката ја заврши на седмото место, двоецот на Алфа Таури, Данил Квјат и Пјер Гасли го освоија осмото и деветтото место, а Александар Албон од Ред Бул беше 10-ти.

Ботас го престигна Макс Верстапен на самиот старт, а подоцна во текот на трката ја искористи казната на неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Британецот беше казнет двапати со 10 секунди за грешката, што го спречи да го достигне легендарниот Михаел Шумахер на вечната листа по бројот на победи. Германецот е сепак прв со 91. победа.

Хамилтон сега има 10 казнени поени и доколку добие уште два ќе биде суспендиран на една трка.

Следната трка се вози на 11 октомври за ГН на Германија.

Би можело да ве интересира

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

Хамилтон: Нема да е трагедија ако сезоната ја завршам без победа

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он

Тото Волф лут, Хамилтон и Расел шокирани од лошите перформансите на Мерцедес

А1он

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Макс Верстапен и Луис Хамилтон викендов се борат за историја

Ана Ололовска